Родители одбија да абортираат дете со деформитет: Две години подоцна е здраво момче со голема насмевка

Кога лекарите ги прашале дали сакаат да го абортираат своето „деформирано“ бебе, идните родители веднаш одбиеле.
Две години подоцна, мора да видите како изгледа нивното мало момче.

Двојката од Омаха, Небраска ја имаше истата грижа што ја имаат повеќето родители кои очекуваат дете: Што ако нешто не е во ред со бебето? 

Сара Хелер и нејзиниот партнер Крис Еидам возбудено чекаа заедничко дете кога нивниот свет беше свртен наопаку при посетата на лекар, за време на 24-неделниот ултразвук. 
За жал загриженоста што ја чувствувале тие, многумина ќе ја доживеат кога се бремени, но, ова не беше само неминовна вознемиреност со која оваа двојка требаше да се соочи - тоа беше нивната реалност.

Докторот при ултразвукот им соопшти дека нивното дете има деформитет и ги посоветува да го абортираат.

Но за нив, за среќа абортусот не беше опција во ниту еден момент. Тие беа решени дека сакаат да го задржат бебето без оглед на се'.


Тие не само што го задржаа бебето, туку и се погрижија да ja кренат свесноста и да едуцираат и да им помогнат на други луѓе кои ќе се најдат во истата ситуација.

Деформитетот на бебето му правеше потешкотии при јадење, дишење, зборување, но после неколку операции сега деформацијата на детето е целото отстранета  и тој е здраво момче со голема насмевка.


Доколку неговите родители го абортирале судејќи само по неговиот изглед, тој немаше да биде овде денес.