Родители, водете сметка! Некои играчки за базен може да бидат опасност за децата-предупредува инструктор за пливање

Добивај вести на Viber

Таткото на петгодишната Анабел ги предупреди родителите да не ја прават оваа грешка и да ги ставаат своите малечки во смртна опасност

Пластичните играчки за базен може да го направат пливањето позабавно, но и да го изложат на ризик вашето дете, предупредуваат инструкторите по пливање.

Топки, прстени за нуркање, животни на надувување и лежалки можат да претставуваат опасност, велат експертите од пливачките школи .

Постојат неколку работи што претставуваат ризик: играчките можеби не се соодветни за возраста и/или може да предизвикаат вашето дете да падне додека се обидува да ги допре од работ на базенот.

Директорот на школата за пливање вели: - Играчките за пливање како топки, прстени за нуркање, гуми и гумени животни може да бидат опасни доколку се остават во базенот. Децата можат да се обидат да ги грабнат од работ на базенот и да паднат внатре, вели тој, додавајќи:

- Ве повикуваме да ги спакувате играчките подалеку од базенот, проверете дали се безбедни и проверете дали се соодветни за тежината и возраста на вашето дете.

Бројот на удавени деца се зголемил за 85 отсто помеѓу 2021 и 2022 година, покажаа шокантни бројки од Националната база на податоци за смртност на деца на почетокот на овој месец.


Родителите се повикани да разговараат со своите деца за безбедноста на водата, при што истражувачите од Кралското здружение за спасување на животот на Велика Британија изразија загриженост поради „алармантното зголемување“.

Експертите од Aquablis предупредија дека опасностите од играчките за базен што лежат околу работ на базенот „може да бидат подеднакво привлечни за децата во постудените месеци“ како и во лето.

Тие рекоа дека иако портите од базенот можат да ги спречат децата да влезат, тие не се сигурно решение, без разлика дали се базени на надувување или закопани.

Некои играчки треба „целосно да се избегнуваат“, рекоа тие, а пред се мислеа на таканаречените опашки од сирена, играчки кои вклучуваат ставање ткаенина на нозете и се еден вид костим.

Таткото Адам Линсберг ги предупредил другите родители откако неговата ќерка Анабел (5) завршила во болница откако ја користела играчката.

Таа завршила под вода во базенот на надувување „околу 30 секунди“ откако рацете и се заглавиле во костимот, рече тој.

Нејзината сестра ја извлекла од базенот, но кога Адам стигнал до неа очите и биле ширум отворени и не реагирала.

За среќа, се освестила откако тој ја удрил по грбот, но два дена била однесена на интензивна нега, со оглед на опасноста од вода или хлор да и навлезе во белите дробови.


Фото: фрипик