Романтично запросување и преубав прстен: Македонската риалити ѕвезда Елеонора Миљковиќ кажа „да“ (ФОТО)

Атрактивната риалити ѕвезда Елеонора Миљковиќ, која учествуваше во риалити шоуто „Задруга 2“ вчера му кажа „да“ на своето момче Чедо, со кого е во неколкугодишна врска.



Имено нејзиниот партнер подготви романтично изненадување за својата сакана во дворот на „Винарија Камник“, каде ја пречека со многу ружи и свеќи и огромен натпис „Marry Me“.

Потоа направија забава со своите најблиски со музика до раните утрински часови.

Нора веднаш кажа „да“ и се пофали со преубавиот веренички прстен.