РОМЕО ЗНАЕ ШТО ПРАВИ: Калиопи повторно заедно со поранешниот сопруг
Калиопи и Ромео се повторно двојка, како музички тим за снимањето на новиот материјал на поп-дивата. Поранешните брачни партнери, се заедно во Загреб, и во студио ги работат новите песни на Калиопи, објави таа на својот инстаграм профил.
„ Ромео знае што прави. Во нашата музика, во светот во кој живееме ги има најубавите нешта“, напиша Калиопи и додаде дека не може да дочека публиката да ѝ ги слушне новите песни.
Ромео и Калиопи беа во брак долги години, и го имаат синот Пако кој живе во Швајцарија. Тој е автор на повеќето хитови од албумот „Обои ме“. Како тандем повторно се соединија во 2012 година, кога Ромео беше дел од авторскиот тим на евровизискиот хит „Црно и бело“. Тој е автор на музиката и на аранжманот на песната „Дона“, со која Калиопи беше на Евросонг во Шведска во 2016 година како и на песните од албумот „Мелем“.
„Со Ромео би чекорела со врзани очи. До толку му верувам“, изјави Калиопи во претходно интревју на Евровизија во Шведска.