Сѐ што си посакувам себеси, ти посакувам и тебе: Вака Душица Караџиќ му честиташе роденден на саканиот Игор

Добивај вести на Viber

„Постојат години кои поставуваат прашања и постојат години кои даваат одговори. Во секој од нив по некоја желба, желбите се исполнуваат, тоа не е спорно, но вреди со живот да се исполни и оној простор помеѓу желбите. Тоа е љубов, благосостојба, мир и убавина на постоењето“. Б.Д.

Среќен роденден љубов моја! Уште многу години полни љубов, помалку желби, а се повеќе радости. Се што си посакувам себеси, ти посакувам и тебе. Те сакам.“ 

Ова е пораката која Душица Караџиќ му ја испрати на саканиот Игор преку социјалните мрежи по повод неговиот роденден.


Душица покрај објавата сподели и фотографија како е во прегратки на саканиот.

Роденденската забава Игор ја поминал со најблиските пријатели во ресторан.


Убавата струмичанка Душица Андоновска и ракометарот од Хрватска Игор Караџиќ се заколнаа на вечна љубов пред Бога минатата година.


Свадба од бајките во луксузен ресторан во Мостар имаше овој заљубен пар, каде за забавата се погрижи македонскиот пејач Драган Темелков познат како Џони.

Душица за најпосебниот ден во нејзиниот живот облече тесен долг фустан а на главата носеше вел, додека Игор се одлучил за класичен костим.

Игор и Душица си кажаа „ДА“ во црквата Свети Петар и Павле во Мостар пред најблиските а фотографиите осамнаа на социјалните мрежи.


ФОТО: Инстаграм принтскрин