„Сѐ уште вредиш...не се предавај“: Македонската фолк - пејачка со ретро фотографија ги запали социјалните мрежи

Добивај вести на Viber

Ретро фотографиите од младоста секогаш будат убаво чувство, најверојатно тоа е така затоа што со една фотографија може во главата може да вратат милион спомени кои се поврзани со одредената ситуација од моментот кога настанала фотографијата.

Во секој случај рето сликите се секогаш драги. Една таква фотографија е од нашата позната фолк-пејачка Благица Павловска фотографирана во 1983 година за насловната страница на енигматскиот забавник „Котелец“.

Во описот на фотографијата стои: „Благица Павловска е пејачка на новокомпонирани народни песни, сè уште во „сенка“, но со најава за појавување во преден план. Пролетва ја очекува снимањето на првата ЛП плоша, во продукција на „Југодиск““.


На фотографијата Благица е со црна коса и позира покрај вода, додека на себе носи сина кошула со раскопчано деколте од кое наѕираат нејзините гради, куси панталони со виолетова боја, каде во преден план се нејзините голи нозе.

Пејачката очигледно со задоволство се сеќава на фотографијата, па си ја сподели на Фејсбук.

Под фотографијата може да се видат голем број на емотикони како коментар, но највпечатлив е на нејзин обожавател кој напишал: „Сè уште вредиш … не се предавај“.