Сѐ во строга тајност-први фотки: Марија Шерифовиќ со гала прослава за роденденот на синот

Добивај вести на Viber

Марија Шерифовиќ го прослави првиот роденден на нејзиниот наследник Марио.

Марија се гордее со својот син и тоа не пропушта да им го покаже на сите! Таа често споделува смешни видеа и фотографии од нејзиниот син на социјалните мрежи.

Сега Шерифовиќ сподели неколку фотографии од гала прославата на првиот роденден на малиот Марио. Пејачката покажа и како го споила костумот со оделото на нејзиниот син.

Инаку, Марија Шерифовиќ приреди интимна прослава за најтесниот круг на блиски луѓе, а на својот Инстаграм профил сподели фотографии со синот и ги воодушеви сите.


- Малечко мое, да си олесниме на мене и на тебе во втора година. Годината на најголемите промени е зад мене. Првенствено емотивно. Да ми кажеше некој дека може толку да се сака некој - ќе му кажев дека не е нормален! Семејство, кумови, пријатели, колеги - благодарам за честитките! Ве сакаме – напиша Марија во описот на објавата каде позира со наследникот во раце.


Сепак, таа сè уште го крие лицето на нејзиниот син. Марија како и секогаш решила да го заштити од очите на јавноста, па внимателно го сокрила неговиот идентитет.

Да потсетиме, Марија Шерифовиќ на 2 декември го прослави првиот роденден на синот Марио. Поради оваа причина, пејачката не присуствуваше на снимањето на емисијата „Ѕвездите на Гранда“, а продукцијата итно реагираше, па на нејзино место „скокна“ Сања Вучиќ.