Саем за Безбедност во Скопје Сити Мол “Живеј БЕЗБЕДНО"
Министерството за внатрешни работи, Секторот за внатрешни работи Скопје, Одделение за превенција во соработка со Комората на РСМ за приватно обезбедување и Скопје Сити Мол ,во насока на превенција на криминалот и едукација на граѓаните за прв пат организраат Саем за Безбедност “Живеј БЕЗБЕДНО!”во Скопје Сити Мол.
Настанот ќе биде организиран во периодот од 12-ти до 14-ти Јуни 2019 год, во Скопје Сити Мол, каде граѓаните на едно место ќе имаат можност да се запознаат со услугите кои инстутициите и компаниите ги нудат за помош и самозаштитита.
Официјално отварање ќе биде на 12.06.2019 во 11:00 часот во присуство на министерството на внатрешни работи, градоначалникот на град Скопје и градоначалниците на општините од град Скопје.
Анализата покажува дека голем број од кривичните дела се вршат поради недоволна грижа и внимание како за личната безбедност така и за имот од страна на самите граѓани.
Како причини кои се јавуваат за појавата на овие кривични дела големо влијание има општествено – економските прилики и современиот начин на живот.
Последицитекои произлегуваат од извршените кривични дела се: одземање на вредни предмети (пари, накит, документи).
Општата цел која сакаме да ја постигнеме со реализацијата на проектот е намалување на бројот на кривичните дела од овој вид со подигнување на свеста кај граѓаните во соработка со полицијата и преземање на мерки за самозаштита и секако намалување на материјалата штета од овој вид на криминалитет.
КРИМИНАЛОТ МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ, НО МОЖЕ И ДА СЕ СПРЕЧИ!