САКА ДА СТАНЕ УЧИТЕЛКА: Иако има 96 години се запиша во гимназија
Гвадалупе Паласиос од Мексико иако има 96 години, почна да посетува настава во средно училиште затоа што сака да стане учителка.
Таа се надева дека ќе се здобие со диплома до стотата година, за потоа да има можност да се образува за учителка.
„Сѐ би дала за такво нешто“- изјавила Гвадалупе првиот ден на часовите, каде што другите ученици ја поздравија со аплауз.
Гвадалупе растела во сиромаштија. Од детството работела на фармата на своите родители и не можела да оди на училиште. Подоцна продавала кокошки на пазарот и одгледала шест деца. Имала 92 години кога решила да научи да чита и пишува.
Во 2015 година, се запишала во училиште за возрасни и за четири години таа завршила основно и средно образование.
Бидејќи не постои специјализирана програма за понатамошно образование за возрасни, 96-годишната Мексиканка сега е во клупите со осум децении помладите соученици.