Сака луксузни брендови: Ќерката на Здравко Чолиќ ужива да позира

Добивај вести на Viber

Има 18 години и скоро 20.000 следачи на „Инстаграм“. Уна Чолиќ, ќерката на еден од најпопуларните пејачи на овие простори Здравко Чолиќ, ужива да позира и слабост ѝ се луксузни брендови, пишуваат српските медиуми.

Со фотографиите кои секојдневно ги споделува на социјалните мрежи е јасно дека таа ги следи трендовите и не ѝ е проблем да си приушти брендирани чанти кои чинат и по 2.000 евра.

„Преубава си“, „Топ си“ и „Навистина имаш стил“ се само дел од коментарите кои ги добива на нејзините постови на „Инстаграм.

Уна е поголемата ќерка на славниот Чола. Помалата Лара има 13 години.