Сакам да ја гушнам Северина, да ѝ кажам дека ќе помине: Искрено интервју со Тијана
Од 18
декември повторно ќе ја гледаме секој ден на МТВ 1, како омилената Ула во
четвртата сезона на хит-серијата „Преспав“. Таа себеси во иднина се гледа и во
филм за кој вели дека уште не е напишан. Тијана Дапчевиќ, 2019 година ќе ја
испрати работно, во Петровац на море, во Црна Гора, а следната 2020 за неа е
славеничка. Планира голема турнеја на која многу ѝ се радува. Успехот на сестра
ѝ Тамара Тодевска на „Евросонг“ ја направи горда, а ја погоди негативната
кампања против неа која се крена во тој период. Тијана со својот специфичен
јазик раскажа за „Преспав“, за Тамара, за бракот со Милан Дапчевиќ, за синот
Вук, а искрено ја прокометира и состојбата во која сега се наоѓа нејзината
колешка, Северина Којиќ.
* Каква ќе биде Ула во оваа сезона на „Преспав“ кога, колку што слушнав, Миле и Бончо се газди?
- Пази да не ти кажам кои се газди во „Преспав“, хахаха! Ула е доста застапена во оваа сезона. Исто е луда како во третата сезона, ја крши кризата на средни години. И понатаму бескрајно бара внимание и љубов од Коста, и понатаму го брка и таа ги решава нормално и природно сите проблеми, затоа што таа е Германка, нели?
* Има ли смешна случка што секогаш ќе ти остане во сеќавање од снимањето на четвртата сезона?
- Смешки се случуваа констатно. Се случи на едно снимање толку да се смееме, режисерот дојде и ни рече: „На сите четворица ќе ви дадам по сто евра само престанете да се смеете, за да можеме да ја снимиме сцената“.
* Како ти беше овие месеци додека снимаше во Скопје одделена од Вук и од Милан, како реагира синот на твоето отсуство од дома?
- Додека снимавме овие месеци во Скопје, хм, само јас си знам како ми беше. Ама, знаеш како, добро е што ОХО како продукција многу не' чува, како бели мечки сме заштитени. Ништо не ни фалеше. Јас доаѓав, снимав по седум дена во Скопје, па се враќав во Белград, па Вук и Милан доаѓаа во Скопје. Олеснителна околност беше тоа што можев да одам, па пак да се враќам. Добро е што Вук и Милан си се навикнати да се дружат и да си се чуваат, најдобри другари се, така што јас проблем со тоа немам. Милан, покрај тоа што е најдобар сопруг и мојот ветер во грб веќе 20 години е и прекрасен татко. Јас постојано ова го зборувам и веќе досадна станав.
* По Преспав, кој ти е следниот актерски и музички предизвик, имаш ли амбиции, соништа да глумиш во филм или да настапиш на голем солистички концерт?
- Следната 2020 година ќе наполнам дваесет години како што сум на музичката сцена во Србија, така што претстои еден голем солистички концерт, кој веќе е во подготовка и ќе се случи кон крајот на следната година, затоа што планирам да направам спектакл. Подготвувам и цела турнеја низ Србија, Македонија ако даде Господ, Босна и Херцеговина и Црна Гора, така што концерти веќе се закажуваат. Имам амбиција и имам желба да заиграм и во филм, ама тој филм, тоа сценарио уште не е напишано.
* Целата јавност ѝ даде голема поддршка на Северина откако судот ѝ го одзема старателството врз синот. Како мајка и жена, како би ја прокометирала состојбата во која сега се наоѓа таа и колку си блиска со неа?
- Северина исклучително ја почитувам како изведувач и како најдобриот и единствен, можам да кажам, забавувач од овие простори којшто функционира беспрекорно повеќе од 25 години. Таа е жена која цврсто стои на нозете и покрај сѐ што ѝ се случува. Очајна е оваа ситуација, не сакам ни да помислам во каква состојба е таа во моментов. Не сум толку блиска за да разговарам со неа на оваа тема. Многу се почитуваме и се сакаме и секогаш кога ќе се видиме се гушкаме. Многу би сакала од оваа перспектива да можам некако да ја најдам и да ја гушнам, и да ѝ кажам дека сето тоа ќе помине, и дека правдата ќе излезе на виделина, а Александар ќе ѝ се врати во прегратки. Многу е страшно тоа што ѝ се случува. Ја има мојата поддршка, мислам дека ја има од секоја жена и од секоја мајка.
* Со што најмногу можат да те насмеат и да те развеселат твојот син и внуците?
- Најмногу ме смеат син ми, Хана и Дарен, со нив е игранка без престанка, особено кога се сите тројца на купче, тоа е пресмешно. Вук ѝ прави „будалаштини“ на Хана, Хана му прави „будалаштини“ на Вук, а Дарен сето тоа го гледа од страна, како Тито и Кардељ ги гледа двајцата. Како цртан филм му се тие двајца, зашто не можат да се доискажат. Секогаш кога се заедно, тоа се смешки. Од што се еуфорични се пресмешни. И многу сакам да ги гледам така на купче, кога се еуфорични и кога си прават „будалаштини“ едни на други. Кој поголема будала ќе направи од себе, тоа е врвот. Тие се моето богатство и мојата најголема љубов.
* Кој начин на исхрана го применуваш сега, треба ли да е една жена и психички, физички и временски посветена ако сака да ги одржува формата и духот?
- Знаеш што, што се однесува до физичката активност и до исхраната, дојдов во тие години кога решив во сѐ да бидам умерена, да си го најдам баланост. Имам исхрана која ја применувам веќе со години и некоја рутина која ми одговара. Сѐ е индивидуално, можам да зборувам до задутре, но дефинитивно најубавата исхрана што ја открив во последниве неколку години е липосукциската исхрана, и ја применувам еве веќе подолго од четири години и тоа ми одговара. Освен начинот на исхрана, редовно вежбам.
* Ова беше најсупешната година за Тамара, со себе донесе и многу непријатности за неа. Како реагираше ти за време на негативните коментари за време на „Евросонг“, и на оние по изведбата на химната во Амбасадата на САД? Што ја советуваше, те послуша ли, како ти би реагирала на нејзино место?
- Факт е дека оваа година на Тамара ѝ е најуспешна до сега, а она другото нема да го коментирам, затоа што тоа е само еден пердув кој што се појави и изчезна. Тамара успешно ја гради кариерата и вон границите на регионов. Имаше прекрасна турнеја. Беше во Шпанија, во Данска, во Германија, па со песната „Monsters" беше прогласена за најдобар интернационален артист на музичкиот фестивал „Кенга Маџик“ во Тирана. Многу сум среќна и многу сум горда на неа, и сето тоа што ѝ се случи стоечки го поднесе. Другото нема да го коментирам, само сум среќна кога и таа е среќна.
* Медиумите одамна престанаа да те разведуваат со Милан, им здосади истата приказна или најде начин како да ги спречиш?
- Па, знаеш како велат: Кучињата си лаат, караванот си врви или Зад добриот коњ прашина се крева. Што поуспешен си, тоа повеќе непријатели имаш и повеќе луѓе коишто сакаат да ти прават сопки. Секогаш зборувам дека сум од оние што си гледаат само во својот двор. Сакам да им помагам на луѓето кога се во неволја, така сум воспитана. Не обрнувам многу време на медимумите, кога им е здодевно си пишуваат што сакаат. Сите знаеме што е виситна. Јас маж ми си го сакам, тој мене ме сака, и тоа е тоа.
Милица Џаровска