САКАТЕ ДА РАБОТИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Од денес важат нови правила, еве кои се
Од денес во Германија стапуваат на сила измените на законот за имиграција на квалификувани работници, јавуваат германските медиуми.
Од ноември ќе се прошири кругот на квалификувани работници кои полесно доаѓаат на работа во Германија. Патот до „Сината карта на ЕУ“ ќе биде полесен за висококвалификуваните академици, магистри и оние со специјализирани академски дипломи.
Сината карта е дозвола за престој која во голема мера го олеснува влезот на локалниот пазар на труд за квалификувани работници од земји надвор од ЕУ.
Германските медиуми го наведуваат примерот на ИТ професионалци со големо професионално искуство кои повеќе не треба да даваат докази за професионална обука.
Олеснување за работодавците
Новите промени значат и големо олеснување за компаниите кои се борат со недостиг од квалификуван кадар.
Меѓу другото, со новиот закон се намалуваат досегашните релативно високи лимити за минимална плата. Наместо досегашните 58.000 евра бруто (или околу 45.500 евра за таканаречените професии во тесно грло), работниците од земјите надвор од ЕУ од ноември ќе треба да докажат дека заработуваат за околу 15.000 евра помалку годишно.