„Сакав да го тужам, ме следи 24 часа“ : Рушка Јакиќ откри со каков проблем се соочува
Изјавите на Рушка
Јакиќ се многу популарни на социјалните мрежи, но како што вели таа нема
свој профил на Тик Ток, а неодамна изјави дека планирала да го тужи лицето кое
се претставува како неа на оваа социјална мрежа, но се откажала поради една
причина.
- Најпрво бев лута што некој друг зборува во мое име, бидејќи немам свој профил. Сепак, не знам... па тој знае се што правам. Веројатно ме следи 24 часа на ден. Се појавувам секаде и сите коментари се добр... Размислував дали да го тужам, но ако за него сум единствениот прозорец кон светот и ако живее свој живот преку мене, нека му е - рече Рушка Јакиќ и додаде:
- Тој ме следи, знае каде сум била, дури и најде нешто што мене ми е сосема нејасно. Пред 25 години кога гостував во Минимакс, има слика јас и тој, ја кажав реченицата: „Не сакам супа од кесичка, не сакам кошули што не се пеглаат, не сакам деца кои не се воспитуваат и не се сакам с*кс на екс“. Од каде тој го има ова, праша Рушка која заклучи:
- Немам идеа. Можеби ќе се сретнеме еден ден. Љубопитна сум да видам кој е тој што следи се.
Инаку, Рушка Јакиќ три пати се мажеше и три пати се разведуваше, а секогаш вели дека е подготвена за нова љубов и запознавање со својата друга половина.
Фото:instagram