Салма Хајек користи крема за изгореници против брчки: Оваа магична состојка е вистинско чудо за кожата, потврдија лекарите
Покрај ритуалите
за нега на лицето и кожата кои веќе ги има споделено во јавноста, а на барање
од нејзините следбеници, овој пат Селма Хајек за прв пат откри дека користи и
специјална крема,чија намена е да ја регенерира кожата од изгореници. Кога ова
им го кажала на докторите тие биле шокирани, сепак, таа потврди дека токму оваа
крема е тајната за лице без брчки иако има 56 години.
- Користам екстракт од кората на дрвото tepezcohuita (mimosa tenuiflora), кое се користи во Мексико за лекување на изгореници бидејќи целосно ја обновува кожата. Никој не го користи во САД, изјави неодамна актерката за списанието Elle.
Таа додала дека го донела во лабораторија во Америка и дека истражувачите биле изненадени од позитивните резултати.
-Се чудеа како е можно никој да не го користи. Благодарение на овој екстракт немам потреба од ботокс или филери, рекла Салма Хајек.
Секако, Селма секогаш воодушевува со фотографии од црвениот килим на кој изгледа совршено. Нејзините обожаватели и велат дека е речиси невозможно да се поверува дека има 56 години.
Селма на шега во емисијата на британскиот водител Греам Нортон рекла дека и нејзиното лице е затегнато затоа што косата секогаш и е залижана и дека носи опавче кое „стега се“.
Покрај тоа, оваа прекрасна актерка е една од ретките кои нема проблем да се појави во јавноста и без шминка, за разлика од многу други познати личности.