Сама направи чудо од дворот: Како соба под отворено небо - жените се восхитуваат, а мажите завидуваат
Чудо од жена, чудо од градина!
Викторија е женско чудо, велат нејзините следбеници на Инстаграм, а секој нејзин проект добива илјадници лајкови.
Таа ги воодушеви нејзините следбеници со декорацијата на терасата во дворот, која сама ја направила со свои раце, од почеток до крај.
За почеток го одбележала просторот што го наменила за оваа намена и истурила бетонска плоча. На аглите, таа поставила носачи за лесна структура што ќе ги држи трските предвидени да штитат од сонцето.
Викторија смислила се‘, па поставила електричен лампион во аголот до куќата, додека на решетката закачила соларни лампиони кои можете сами да ги направите.
Аголниот тросед нуди многу места за одмор, а меките завеси ја комплетираат атмосферата. „Сето тоа можете да го направите сами, секоја чест за вас“, коментираат жените, а мажите додаваат: „Ваква жена треба да се чува“.
А неодамна таа се пофали и со нејзиното најново катче на отворено - кое е навистина неверојатно и кое го сработила исто така од почетокот до крај, целосно сама. Секоја чест!Фото и Видео: Инстаграм