Samsung претстави „The Wall for Virtual Protection“ во Европа на саемот IBC 2023

Добивај вести на Viber

Два модела на „The Wall“ се сега достапни ви Европа, со што Samsung дополнително ја потврдува лидерската позиција во полето на создавање виртуелна реалност

Samsung Electronics ја претстави својата најнова серија дигитални производи, потврдувајќи ја својата постојана посветеност на иднината на виртуелната продукција. „The Wall for Virtual Production“ (име на моделот: IVC) е достапен во Европа и беше прикажан на саемот IBC 2023 во Амстердам од 15-18 септември, по неговата американска премиера на InfoComm 2023.

„The Wall for Virtual Production“ја отвора вратата на неограничен потенцијал за режисерите, продуцентите и филмските студија преку подобрување на дигиталните ефекти,овозможувајќи полесно, побрзо и поисплатливо создавање на виртуелна содржина“, рече Хун Чанг, извршен потпретседател за производи со екрани во Samsung Electronics. „Секоја функција е внимателно избрана за да им помогне на бизнисите низ секторите да создаваат виртуелна содржина на досега невидено ниво на квалитет“.

Водечката технологија за визуелен приказ на Samsung овозможува моќни продукциски  способности, кои ја прошируваат реалноста. Продукциските студија можат да користат ултра големи LED ѕидови за да создадат виртуелна содржина и да ги интегрираат со технологијата за визуелни ефекти во реално време за да ги намалат времето и трошоците за создавање содржина. „The Wall for Virtual Production“е лидер во овој тип на примена и може да ги збогати проектите со додавање верни детали, текстури, светла и нијанси при креирањето на виртуелна содржина. Новите опции на моделот IVC P1.68 и P2.1 имаат искривување на екранот од дури 5800R за пореално видно поле. Екранот, исто така, располага со напредна genlock функција за заклучување на генератор што го синхронизира ѕидот со системските сигнали, така што нема пропуштени или дуплирани рамки. Оваа способност, заедно со подобрената функција на фазно поместување што го скратува доцнењето помеѓу камерата и екранот, гарантира совршена слика.

За совршено прецизно и доследно прикажување на боите, „The Wall for Virtual Production“  располага со 3D табели за пребарување на корекција на боја (LUT), HDR обработка на широк спектар на бои и прилагодување на бојата помеѓу одделни делови или модули. Дополнително, интегрираниот софтвер за управување со виртуелната продукција (VPM) и неговиот интуитивен интерфејс го прават управувањето со екранот полесно и поефикасно,и овозможуваат најдобар можен квалитет на сликата за време на виртуелната продукција. VPM, исто така, ги открива и решава сите потенцијални проблеми поврзани со LED.

Исто така, „The Wall for Virtual Production“е дизајниран за сите типови на студија, без разлика на големината и видот, и овозможува создавање на извонредна содржина.Без разлика дали станува збор за студио со волумен или XR студио, „The Wall for Virtual Production“ овозможува производство на извонредна содржина.

„Со задоволство го поддржуваме Samsung во претставувањето на „The Wall for Virtual Production“од серијата IVCна овогодинешниот саем IBC. Со нашата традиција на создавање најсовремена виртуелна продукција и XR studios, со нетрпение ги очекуваме моќните нови алатки што ги носи серијата IVC“, рече Енди Хук, директор за технички решенија во White Light. „Овие алатки ни нудат огромни можности за создавање уште повлијателнa и флексибилнa виртуелнa продукција, но и за унапредување и трансформација на ова поле.“

Меѓу врвните карактеристики што ги нуди „The Wall for Virtual Production“се:

  • Подобрен сооднос од 4:9, кој нуди разновидни опции за инсталација, вклучително и можност за закачување или подредување со други екрани, за постигнување максимални резултати при различни опкружувања на продукција.
  • Стапка на освежување од 12.288 Hz што го сведува треперењето на минимум и гарантира јасен резултат, без оглед на камерата што се користи за време на снимањето.
  • „Black Seal Technology+,“ која обезбедува најчисти степени на црна боја за нови нивоа на длабочина. Корисниците ќе уживаат во беспрекорниот контраст, кој е специјално дизајниран да биде отпорен на прашина и честички во студиото за продукција.
  • 20-битен процесор кој совршено прецизно ги мапира боите и прецизно прикажува линеарна скала на сива боја на најситните детали во секоја сцена. Корисниците ќе можат да видат реални детали за текстурата, осветлувањето и сенките.

Моделите на „The Wall for Virtual Production“ P1.68 i P2.1 се сега достапни насекаде низ светот, вклучувајќи ја Европа.

Пр објава