Samsung покренува европска иницијатива за обука на гејмери која ќе им помогне дополнително да го усовршат играњето

Добивај вести на Viber

Нов сајт и каналот YouTube нудат детални препораки и совети за играњето на водечки гејмери и креатори на содржина, како и ексклузивно воведно претставување на нови производи

Samsung осмисли нова програма за обука која на гејмерите со различни способности им помага своите вештини да ги подигнат на уште повисоко ниво.

Гејминг порталотSamsung Embrace Your Gameи глобалниот YouTube канал на Samsungќе ги опфатат објасненијата и стручното водење на врвните професионални гејмери и креатори на содржини. Станува збор за интерактивни сесии на обука со активно учество, видео работилници и упатства, како и изобилство од гејминг содржини за усовршување на сите видови на гејмери. Оваа иницијатива исто така ќе содржи и воведно претставување на најновите производи наSamsung и гејминг технологијата.

Одделот  Level Up Training Section на оваа платформа ќе опфати препораки, совети и тајни како најдобро да се совладаат најдобрите играчи на играта Diablo Immortal® и како да се развивате како гејмер во играта World of Warcraft®.

Овој оддел се однесува на сите видови гејмери, од рекреативци до професионалци, како и наслови за мобилни уреди, компијутери и конзоли.

„Samsung сака да им помогне на корисниците максимално да уживаат во игрите. Обуката за гејмери ќе им помогне на голем број на луѓе низ Европа да бидат најдобри што можат во гејмингот и целосно да уживаат во тоа“, изјави Бенџамин Браун, директор за маркетинг во компанијата Samsung за Европа. „Мило ни е што соработуваме со фантастични предавачи и креатори на содржини, вклучително и со Randolph. Исто така сме среќни и за партнерството со компанијата Activision Blizzard во рамки на оваа иницијатива бидејќи делиме заедничка визија за оснажнување на новата генерација амбициозни играчи“. Иницијативата Embrace Your Game ќе помогне сите да се чувствуаат како да припаѓаат во светот на гејмингот и да можат да носат информирани одлуки за својата гејминг техника. Тоа ќе го направи гејминот уште поважен дел од европската култура.

Меѓу професионалните гејмери и креатори на содржини кои учествуваат на обуката се:

·  QueenE: Вешта, забавна експертка за играта Overwatch®. Оваа шведска стримерка од Велика Британија е позната по своите стручни коментари и паметни гејминг совети. Беше генерална менаџерка на шведскиот тим на Светското првенство во играта Overwatch во 2018 година и освои бронзена медала (во женска категорија) на ИЕСФ светското првенство во играта StarCraft®.

·  AnnacakeLIVE: Посветена, популарна Twitch стримерка. Ги воодушевува гледачите со својот весел карактер и вештото играње на Diablo®. Таа моментално живее во Франкфурт.

·  LittleMoTAC: Активна  Overwatch 2 стимерка, гласна заговорничка на разноврсноста и иклузијата и подобра застапеност во гејмингот.

·  Rage Darling: Харизматична креаторка на содржини за играта World of Warcraft, со страст, знаење и инклузивен пристап, која нуди имерзивно и позитивно искуство.

За оние кои сакаат најдобри монитори, телефони и други производи за врвно подесување на гејминг опремата, делот од обуката Gamer Training hardware section содржи совети за сите видови на играчи. Опфаќа се, од едноставно пребарување за најдобар гејминг ТВ уред до составување на прилагоден компијутер, менување на ГПУ или откривање кои се најдобри ССД картички. Прилагодена кон сите видови на поставки за гејминг, сеедно дали станува збор за компјутер или конзола, оваа платформа им нуди релевантни информации на секого.

Експерт за хардвер е Алекс Брукс од компанијата TechFlow. Алекс е технолошки маг познат по деталните анализи и информативните упатства. Има повеќе од 460.000 следбеници на социјалните мрежи.

Обуката за гејмери е дел од новата Samsung платформа Embrace Your Game. Оваа платформа препознава дека повеќе не постои само еден вид на гејмери и дека се развива разновидна, живописна заедница. Samsung разви цела низа гејминг производи кои на секој играч му овозможуваат да ги прилагоди поставките кон себеси и својот стил, бидејќи знае дека производите кои се најдобри во својата класа овозможуваат неверојатно искуство за гејмери.


*Пр објава