САМСУНГ ВОДИЧ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ПАМЕТНИ ТЕЛЕФОНИ ВО СЕЗОНАТА НА ВЕНЧАВКИ
Многу заљубени парови одлучуваат да го кажат судбоносното “да“ со пристигнувањето на пролетта, одбирајќи ја оваа сезона инспирирани од прекрасните пролетни бои и генерално веселото расположение.
Неизоставен дел на секоја венчавка е фотографирањето. Секој од присутните гости сака на свој начин да го одбележи моментот кој му е особено драг. Сепак, дали сте размислувале колку е соодветно да го користите вашиот мобилен уред во вакви ситуации? Некои велат дека правилата постојат за да бидат прекршени, но како и да е, постојат моменти кога треба да се следи здравиот разум и да се водите по одредени бон-тон правила кои ќе ве насочат на тоа како да се однесувате во вакви мигови.
Самсунг направи водич за користење на паметни телефони и камери кога станува збор за ваквите најважни настани во нечии животи.
1. Во текот на церемонијалниот дел од свадбената веселба, кој ја опфаќа регистрацијата во службата за венчавање и верското одбележување на истата, избегнете употреба на вашиот смартфон за фотографирање. Како дел од церемонијатана овие локации, секако, ангажиран е професионален фотограф. Уживајте во овие мигови, а вашиот мобилен уред чувајте го на сигурно – во вашата чанта или џеб. Не заборавајте да го поставите вашиот паметен телефон во тивок режим (silent mode).
2. За нетрпеливите, одлична можност за креирање одлични фотографии од свадбата на која присуствуваат претставува излегувањето на младоженецот и невестата од самата локација, по завршувањето на било кој церемонијален дел. Воедно, ова е перфектна шанса да креирате видео со користење на “Super Slow-mo“функцијата која ви ја нуди вашиот паметен телефон, затоа што во овој момент најчесто се фрлаат конфети, ливчиња од рози или ориз. Креирајте одлични снимки од миговите за паметење!
3. Свадбениот прием е одлична “селфи“ можност! Додека невестата и младоженецот се дел од свадбената фотосесија или пак ја менуваат својата гардероба, креирањето на “селфи“ фотографии со пријателите е задолжително, затоа што, да бидеме искрени, сите сакаме да се “пофалиме“ како сме се дотерале за свадбената прослава на нашите драги личности и на какво прекрасно место се наоѓаме. Сепак, штом младенците се појават, во знак на добри манири, бидете со нив и дружете се!
4. Паметен телефон оставен на масата? Никако! Дури и за воркохолиците ова не е прифатливо и не е доволно добар изговор! Вклучете се во разговор со луѓето со кои ја делите масата, а доколку ова не ви одговара, секогаш можете дискретно да се извлечете со вашиот мобилен уред или пак да најдете попријатно друштво.
5. Невестинската торта е уште една можност за фотографирање која не смеете да ја пропуштите! Доколку сте љубител на снимањето на видео снимки, ова е одличен момент да пронајдете вистински агол за снимање и да направите уникатно видео, на пример, сечењето на тортата снимено од зад младенците за оригинален видео запис.
6. Вечерната забава е одлична можност да направите голем број неверојатни фотографии во услови на слаба осветленост. Сепак, не заборавајте да се консултирате со луѓето кои ги има на вашите фотографии дали е во ред да ги споделите на социјалните мрежи, за да избегнете било какви непријатности.
7. Доколку присуствувате на забавата по свадбата, задолжително снимете ги најзабавните мигови. Но, не ги споделувајте пред да се напиете добро црно кафе и аспирин следното утро.
Благодарение на карактеристиките како креирање на “Super Slow – mo“видео запис и двојна камера од 12MP за фотографирање на неверојатни фотографии и преку ден и навечер, Самсунг Галакси С9 (Samsung Galaxy S9) и Галакси С9+ (Galaxy S9+) се идеалните паметни телефони со кои беспрекорни ќе ги зачувате омилените мигови во текот на свадбената сезона.