Сања Кужет е бремена: зошто водителката никогаш не се омажи за мистериозниот партнер со кој чека трето дете

Добивај вести на Viber

Српската водителка Сања Кужет е бремена и со партнерот Немања Живојиновиќ чекаат син.

Бидејќи е во четвртиот месец од бременоста, Сања нема да ја заврши сезоната на „Ѕвездите на Гранд“, туку ќе оди на трудничко.

Инаку, малку се знае за приватниот живот на Сања Кужет. Имено, Сања Кужет е во партнерска врска со Немања Живојиновиќ, маркетинг директор на автомобилска компанија кој не сака да се експонира во јавноста.

Сања не се омажи за сегашниот партнер, а тоа неодамна го откри во емисијата „Балканска улица“ која се емитува на телевизијата „Блиц“.

Сања по втор пат не облече венчаница, а сега објасни зошто.

- Втор пат не облеков венчаница. Не затоа што јас и мојот сегашен партнер не сакавме тоа да се случи, туку едноставно поради некои чудни околности. Откако се запознавме, постојано создаваме, градиме, планираме и нешто се случува без престан. Тогаш сите други животни работи и околности всушност не научија дека сè друго што правиме е многу поважно од тој еден чин и тој ден. Така да не бегаме од тоа, кој знае можеби во одреден момент ќе се случи, но вака ни е супер - вели Сања.

Сања пред камерите се појавила на 21 година, а случајно на истата возраст првпат го запознала својот втор партнер.

-Прв пат застанав пред камери, мислам дека имав, да речеме, 19 години. А јас бев на пример гостинка во емисија, а штотуку почнав да работам на 21 година - откри таа во емисијата „Балканска улица“.

Сања во интервју за Женски магазин зборуваше за нејзината професија, како е да се биде мајка на две момчиња, но и како започнала приказната со „Ѕвездите на Гранд“.

Фото: Инстаграм
Извор: Blic.rs