Сара Мејс во дворот од нејзината куќа отвори диско: Ако не можеш да одиш во диско, донеси го дома
Сара Мејс во дворот од нејзината куќа отвори диско. Влезот беше само за пејачката, статистите и тимот кој работи на нејзиното ново видео. Сценографија под летниковец, импровизиран како подиум, украсен со сребрени ленти и стајлинзи како за во диско.
Нејзиниот сопруг водителот Димитар Атанасовски на Инстаграм сподели фотографии од „зад сцената“ додека Сара снима видео во друштво на повеќе статисти.
„Иии дали вчера реков: ако не можеш да одиш во диско, донеси го диското дома. Е, па дома ми е“, напиша Димитар на една од фотографиите.
Сара по подолга пауза во јуни ја обајви песната „Фрекфенција“. За овој спот пејачката доби позитивни коментари за нејзината фит форма скоро една година откако го роди синот Кирил. Сара во провокативна долна и спортка облека играше во неколку сцени во спотот, заедно со членови од Студио Брејк а Лег.
Фото: Инстаграм