САШКА: Значење на името и какви се оние кои го носат

Името Сашка е доста популарно, па затоа ќе ви го откриеме неговото вистинско значење и какви се всушност луѓето кои го носат.

Името Сашка всушност е деминутив од името Александра кое потекнува од грчкиот збор „aléxandros“ и значи „заштитничка на луѓето“. Личности кои го носат ова име се силни, ангажирани и радосни. 

Какво значење се крие во личностите кои го носат ова име, оносно какви се всушност тие, објаснува и нумерологијата која вели дека овие луѓе се благи, нежни и со мирољубива природа, кои ѝ делуваат смирувачки на околината и знаат да ги утешат другите луѓе кога им е тоа најпотребно.