Сашко Коцев не се појави на Бубамара: Немав време да се подготвам, поради обврските во театар

Актерот Сашко Коцев, не се појави во улогата на водител на манифестацијата Златна Бубамара на популарноста. Повеќе од две децении тој беше заштитен знак на манифестацијата.

- Немав време да се подготвам за водителската улога, бидејќи имав две премиери во театар. Исто така го снимав и филмот во Словенија. Едноставно не ни се поклопија термините – ни изјави Коцев.

(С.А.Н)

Фото: Вангел Тануровски