Сашо Тасевски: Продаваш стан, имот да можеш да се лечиш од најопасното, а тие ти ставаат физиолошки раствор
Случајот на Онкологија ја разбранува јавноста. На Фејсбук се споделуваат разни сведоштва и ставови на граѓаните, кои се згрозени од тоа што се случувало на клиниката.
Актерот Сашо Тасевски со свој статус на оваа тема:„Читам и читам десетици коментари лични трагедии на луѓе болни од рак или нивни блиски кои се болни.
За нељубезноста на персоналот на онкологија, за дремење кога чекаш терапија, а веќе си изнемоштен, за немањето лекови кои не ги нарачале на време или не ги купиле институциите, па за очајот на тие луѓе кога без излез кревале кредити и оделе во странство да купат. Па како спиеле во коли, паркови, по метроа зашто не им останале пари за хотел.
За нивните деца кои ракот ги изел.
И за стотици други болни од цистична фиброза и други автоимуни болести кои не добиваат терапија на време.... а ова новото, капак. Препродавање на најскапите лекови за болни од рак, на црниот пазар на Косово.
Цели шест години убивале пред време болни од рак кои не ја добивале својата терапија.
Дали сме свесни дека ѓаволот е дојден по сите нас?
Судбината на Елена. Фросе, Зоки, Игор, Маја, Тина и илјадници други утре ќе биде наша. Зашто сите сме смртни.
И ќе треба да се соочиме со оние монструми на онкологија или било каде.
Монструми поподмолни од канцерот. Од било кој канцер.
Таквите монструми ги родил некој. Не мајка им. Туку државата. Системот. Тој им дозволил да мутираат така.
До кога бе ќе живееме во ваков хорор од држава?
До кога?
Јадете гомна за ЕУ 24 часа секој ебан ден, а создадовте куплерај држава полоша од Шпанската инквизиција. Држава која дише на криминал.
Болните умираат зашто им ги крадете лековите кои ги платиле.
Децата ни учат од испокинати учебници.
Престанавме да се храниме како што сме се хранеле пред само 10 години.
Маж у полна сила му купи една праска на своето дете на пазар бе, скотови!
А вие серете за влез во ЕУ во факинг 2030.
Каква ЕУ ве? НИЕ СМЕ СРЕДЕН ВЕК
Изгубивте не само доверба кај секој од нас, туку ја изгубивте и секоја трошка милост.
Да ве гледам како некој живи ве дере, око нема да ми трепне. Ќе изгледам до крај до мирна совест.“
„Замисли, не дај боже, болен си од рак. Одиш да се лечиш државно зашто си плаќал цел живот здравствено.
И ти викаат а бе има еден лек може да те спаси, ама една ампула од него чини 2000 до 4000 евра. И ти желен да живееш продаваш стан имот да можеш да се лечиш, да купиш од тие ампулите. Плаќаш за нив
И пази сега...
Лекарска здружена банда наместо од тие ампули ти дава физиолошки раствор, а ампулите ги препродаваат на Косово, купени со наши пари.
А ти мислиш те лечат, додека полека се гасиш клетка по клетка.
Ова нешто во секој закон се нарекува УБИСТВО СО ПРЕДУМИСЛА.
Планирано масовно убиство за стекнување лична корист.
Ова се правело од 2018 година заедно со триста други дубари на онкологија. Деца и млади умирале во надеж дека ампулите ќе ги спасат а ги лечеле со мочка
Е до тука стигнавме.
За вакви организирани кривични дела против здравјето на луѓето во некои афрички и азиски држави се добива смртна казна.
Кај нас ќе се судат 10 години па ќе се бараат олеснителни околности, па грешка во процесот за да се поништи.... и така. Оти не сме ни во Африка. Нас треба да не префрлат на посебен нов континент што ќе го наречат ПСИХОПАТОЛОГИЈА. Скратено ПСИХО
Браво за новинарката Ирена Мулачка која го разоткри овој монструозен криминал. Ужас невиден. Не живееме во држава, туку во хорор филм.“