Се омажи ќерката на Раде Шербеџија: Гордиот татко ја донесе наследничката до олтарот, а сите зборуваат за нејзината венчаница (ФОТО)
Нина Шербеџија
му кажа „да“ на својот долгогодишен партнер, актерот Филип Ѓуриќ.
Актерот Раде Шербеџија и неговата сопруга Ленка Удовички во неделата имаа голема причина за славење, нивната ќерка се мажи.
Нина Шербеџија му кажа „да“ на својот долгогодишен партнер, актерот Филип Ѓуриќ.
Двојката се венчаше во Нови Сад, каде беше и организирана свадбена веселба за семејството и пријателите.
Нина за својот голем ден блесна во долга раскошна венчаница, а Раде ја поведе до олтарот.
Имено, на социјалните мрежи се појави слика од невестата додека актерот ја држеше за рака.
Udala se ćerka Radeta Šerbedžije! pic.twitter.com/nJ9uFff4dn
— Kalabaster (@KalabasterJak) July 3, 2023
Она што е интересно е венчаницата на Нина, не наликува на ниту една венчаница што ја носат јавните личности или нивните наследници, бидејќи е затворена, романтична и многу смела.
Мајката на Ленка весело пеела, а сестрите гордо чекореле зад младенците, пренесува Дневник.хр.
Инаку, Нина е најстарата ќерка на Раде и неговата сопруга Ленка Удовички. Шербеџија долги години е во брак со режисерката, со која покрај Нина има уште две ќерки Милица и Вања.
Фото:yputube/screenshot