Се омажи Македонката позната како Лајла Грејс: Интимна свадба со згодниот Али (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Марија Јаневска- писателка,  позната под псевдонимот Лајла Грејс пред неколку години се пресели да живее и работи во Белгија, а токму таму ја најде љубовта на својот живот Али

Имено иако на почетокот ѝ беше тешко, Марија за кратко нов дом и сигурност пронајде во партнерот Али Нодех, кој често е дел од нејзините објави на Инстаграм. 

Јаневска ужива во врската во овој убав црнокос маж, кој ја запроси во август минатата година. 

Свадбената прослава на која присуствуваа најблиските беше интимна, па младоженците замолија да нема многу сликање и снимање од страна на гостите.

Но од она што споделија на социјалните мрежи, може да видиме дека Марија била нежна невеста во светкав сирена фустан, а Али изгледа одлично во во класичен костум.