Се плашам да посвојам дете, зошто ако дојде денот... Гоца Тржан јавно го призна најголемиот страв
Пејачката и неодамна водителка Гоца Тржан во својата емисија „Ако проговорам“ откри дека таа и нејзиниот партнер Раша Новаковиќ разговарале за посвојување дете, бидејќи со години немаат среќа со ин витро оплодување.
Таа разговараше со Сергеј Ќетковиќ, кој веќе има посвоено две ќерки.
- Со Радомир разговаравме за посвојување. Ќе ти кажам кој е мојот страв кога станува збор за тоа. Тоа е најубавото нешто што човек може да му го подари на друг човек, му даваш љубов и сигурност – рече таа, а потоа со треперлив глас го откри својот најголем страв:
- Толку сум емотивна, давам толку многу и се плашам дека ќе посвоиме дете и дека еден ден ќе се појави ситуација како во тие американски филмови. Ако детето сака да се врати кај биолошките родители, моето срце ќе се скрши на милион парчиња - искрена беше Гоца.