Се породи Барби- Марго Роби: Парот доби синче
Странските медиуми тврдат дека парот добил момче, кое се родило на 17 октомври, пишува Дејли Мејл.
Ова е прво дете за австралиската актерка и нејзиниот сопруг, продуцентот Том Акерли. Веста за нејзината бременост се појави на почетокот на јули. Набргу потоа, парот беше виден на Вимблдон, а актерката за прв пат го покажа трудничкиот стомак.
Да потсетиме, парот се запозна во 2014 година додека работеше на филмот Suite Française, а две години подоцна тајно се венчаа во Австралија. Приватниот живот го држат подалеку од очите на јавноста, а заедно почнаа да се појавуваат дури за време на прес-турнејата за објавувањето на филмот Барби, во кој Марго ја игра главната улога.
Иако Том не е актер, тој работи и во филмската индустрија. Кариерата ја започнал како продукциски асистент. Пред тоа, тој се појавил како статист во првите три филмови за Хари Потер. Кога првпат се сретнале на снимање во 2013 година, Маргот ја играше Селин додека Том беше зад камерата како асистент режисер.