Се разведов од сопругот затоа што ми се лути што родив три девојчиња, а не момче: Ме обвинува дека му го убив синот

Добивај вести на Viber

Жена се разведува од сопругот откако тој признал дека сака само синови, а досега во бракот имале три девојчиња.

Вели дека конечно гo покажал свото вистинско лице и дека таа не сака да биде во такво семејство. Таа и нејзиниот сопруг биле пресреќни кога дознале дека нивното прво бебе е момче бидејќи сопругот  сакал син. Но, момчето починало при раѓањето, пренесува „Мирор“.

Нејзиниот сопруг бурно реагирал бидејќи сакал момче, а кога таа повторно забременила родила три девојчиња. Тој рече дека очекува таа да му роди „барем еден син“, бидејќи таа го „убила“ неговниот. Веднаш по породувањето, жената сакала брзо да преземе нешто и планирала да се всели кај нејзиниот брат. Била сосема сигурна дека не сака таа и нејзините ќерки да живеат во таква средина.

Одлучила да се разведе од сопругот за да му овозможи на нејзиното семејство да порасне на добро место каде што ќе се чувствуваат безбедно. Жената ја сподели приказната на „Reddit“ под псевдонимот „Open_Breadfruit_5391“.

Мајката ги опишала причините за нејзините постапки кои ќе им овозможат да растат во безбедна средина каде што ќе бидат задоволени нивните потреби.

„Се разведувам од сопругот. Тој покажа каков човек е и не сакам да живеам ниту да ги одгледувам моите ќерки во таква средина. Ќе се вселам кај брат ми. Тој и неговиот сопруг имаат убава, голема куќа каде можам да имам соба за мене и моите три девојчиња. Се загрижив дека јас и трите деца ќе му бидеме преголем товар, но двајцата ме уверуваа дека не треба да размислувам и веднаш да дојдам кај нив“.

Знаела дека сè ќе биде во ред, кога нејзиниот брат понудил да постави монитор за бебиња во нивната спална соба, откако едно од нејзините бебиња се разбудило среде ноќта. И таа верува дека престојот со нејзиниот брат ќе им обезбеди стабилна средина на нејзините деца. Засега нејзиниот план е да живее со парот додека бебињата не пораснат за во градинка, а за тоа ќе плати сопругот на нејзиниот брат, како што ветил.

Таа се надева дека тоа ќе и овозможи да најде работа, да заштеди пари и на крајот да се пресели во сопствената куќа со нејзините ќерки. Мајката е благодарна на парот за нивната добрина и вели дека „навистина се чувствуваат како ангели“.

„Откако мојот сопруг дојде дома од црква и виде дека повеќето од моите работи ги нема, продолжи да ми се јавува, но наместо тоа му се јави брат ми и му рече дека ќе плати за терапијата на мојот сопруг за неговата тага поради нашиот син и исто така му рече да ме остави на мир. Мојот сопруг од тогаш не ме контактирал“.

Еден корисник одговори на нејзината објава: „Многу сум среќен што имаш силна група за поддршка. Го правиш најдоброто за тебе и твоите девојки. Им даваш среќен, безбеден живот со луѓе кои се грижат за нив. Немој да му дозволете на вашиот сопруг да ве убеди за да се вратите кај него. Тој ви покажа кој е и треба да го запомните тоа“.

Фото: unsplash.com
Извор: zena.blic.rs