Се разведува Јелена Вељача

Добивај вести на Viber

Познатата хрватска актерка и сценаристка Јелена Вељача (37) се разведува. Таа за магазинот „Стори“ ги потврди гласините дека не живее повеќе со актерот Дражен Чучек со кого се венча во тајност во 2005 година.

- За жал, вистина е. Семејството и пријателите знаат дека сме разделени веќе некое време. Најважно ни е дека продолжуваме заедно да го правиме најдоброто за нашата ќерка Лена - изјави славната двојка.

Вељача и Чучек се вљубија за време на подготовките на претставата „Вистинска работа“ во која и двајцата играа.