Се сеќавате ли на Барбара и Тина од „Големиот брат“: Едната беше во врска со Спејко, водеа бурен живот, а еве каде се денес
Сестрите Тина и Барбара Шегетин по учеството во „Големиот брат“ се повлекоа од јавноста, а физичкиот изглед целосно го променија со естетски корекции
Сестрите Барбара и Тина Шегетин ѝ се претставија на јавноста во 2015-та година со учество во популарното реално шоу - регионалниот „Голем брат“.
Тие тогаш привлекоа големо медиумско и јавно внимание поради атрактивниот изглед и необичните изјави.
И двете се родени во Риека, а кога влегоа во реалното шоу живееа во Загреб. Во тоа време тие се занимаваа со манекенство.
Сестрите и денес се многу блиски, а Тина често објавува фотографии со нејзиниот внук Лука, инаку син на Барбара. Локалните медиуми јавуваат дека тие денеска се сопственици на салон за убавина во Белград.
Тина е активна и на социјалните мрежи, а сега на своите следбеници им се пофали дека ужива во Тајланд. Таа сподели фотографија од локален ресторан, на која позира на голема лулашка. Таа ги воодушеви своите следбеници со својата атрактивна линија и витките нозе.
Тина во реалното шоу започна врска со Македонецот Дарко Спејко кој беше и тогашен победник на „Големиот брат“. Тие раскинаа набргу по завршувањето на реалното шоу, а сестрите се повлекоа од јавноста и целосно го променија својот изглед со естетски корекции.
Според пишувањата, Тина се разведе од Црногорецот Рац Јовановиќ по година и пол брак. „Три месеци не живееме заедно, за тоа време ги доставивме документите за развод. Не се разделивме под непријателски услови. Едноставно, нашите карактери и размислувања не се согласуваа, а потекнуваме од две различни средини“, рече таа и додаде дека таа е иницијатор за разводот.
Извор: espreso.rs