Се вратила од далеку, a не ѝ ни тропнала на врата: Еве како изгледа жената на која Цеца засекогаш и го промени животот (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Сани Армани некогаш и сега, е сосема друга личност

Сандра Драшковиќ, во јавноста позната и како Сани Армани, беше една од најпопуларните девојки во Белград кон крајот на деведесеттите, но и омилено телевизиско лице. По успешниот почеток во светот на манекенството, таа на малите се појави како дваесетгодишна девојка.


Сними многубројни реклами, публиката ја забележа во џинглот за телевизијата „Пинк“, каде подоцна водеше неколку емисии - „Градски клуб“, „Саниметар“, „Герила“...

Видео клипот на Цеца Ражнатовиќ за песната „помини со мене на црвено“ преку ноќ го промени животот на Сандра. Атрактивната русокоса го привлече вниманието на медиумите кои будно ја следеа, но и на партнерот со кој глумеше - Никола Лазетиќ. Потоа се омажи преку ноќ,  но уште побрзо се разведе. Од краткотрајната и бурна љубовна врска со Никола го роди синот Лука, за кој подоцна и двајцата подеднакво се грижеа.

Имено, покрај тоа што изгледот на Сани Армани сега е значително поинаков, иако и понатаму е убава со прилично посмирен и поконзервативен стил на облекување, таа долго време живее во Лос Анџелес.

- Ми се допадна да живеам таму, но сепак, не ми беше лесно бидејќи цел живот бев во Белград, градев бизниси, моето семејство е тука, но сакав нешто поинаку. Да бидам искрена, подготвував проект, но ништо не можам да откријам. Таа серија е прескапа, не за Србија, туку за Европа. Сакав да му овозможам и на син ми да студира во странство - рекла Сандра.

Многумина беа љубопитни како денес изгледа Сани Армани. Таа не се промени многу, но секако го прилагоди својот стил и имиџ на она што е денес.

- Лос Анџелес е прекрасен, климата е прекрасна, луѓето се расположени. Можам да кажам дека го живеам американскиот сон... Колку што можам, но се адаптирам - рече Сани.

Фото:instagram