Се зборува дека тој е човекот со најубави сини очи на кои и жените и мажите паѓаат како покосени: Рики Мартин и најатрактивната мексиканска актерка буквално се „тепаат“ за него
Откако социјалните мрежи почнаа да се појавуваат, многу мажи и жени станаа модели без некогашните макотрпни и неизвесни кастинзи и вкусот на „жирито“ кое некако одлучува за нивната судбина. Покрај титулата манекен или модел, обично се додава и „професијата“ инфлуенсер, но многумина врз таа основа изградија успешни кариери и станаа светски познати. Еден од нив е Диего Родригез Доиг.
За овој згоден Перуанец, кој живее во Лима, многумина велат дека моментално е човекот со најубави сини очи. И жените и мажите паѓаат на неговиот изглед, со оглед на тоа дека врз основа на неговите објави не може да се каже кон кој пол е наклонет - па и двете страни се надеваат дека имаат шанси кај популарниот модел.
Често е во друштво на Габи Еспино
Дури и Рики Мартин го следи и ги лајкува неговите објави, а се чини дека ниту шармантната актерка, од популарните латиноамерикански серии - Габи Еспино, не може да му одолее.
Диего често поминува време со шармантна Венецуелка, која се здоби со популарност во мексиканските сапуници, а често имаме можност да ја видиме убавата актерка и водителка како го гушка, му ја чешка косата или го бакнува во образ.
Моментално има повеќе од еден милион и сто илјади следбеници на Инстаграм, а познатите брендови, како „Виши“, не губат ниту секунда за да го ангажираат како заштитно лице.
Познатиот Перуанец сака и да патува низ светот, често објавува фотографии од егзотични дестинации, а не му се туѓи и бројните музички фестивали, како Коачела, кои редовно ги посетува.
Извор: zena.blic.rs