Седум мудри совети на татко кон ќерката: Пред да кажеш „Да", изнервирај го

Популарната блогeрка Ракел Изабел де Алдерте им се обраќа на сите млади жени, на кои им претстои да склучат брак, со неколку животни совети добиени од нејзиниот сопствен татко. Седум од овие мудрости можат да се однесуваат за секоја една млада дама. 

1. Мажот треба да биде некој кој умее да те насмее 

Животот е тежок и ќе се соочиш со многу болка, затоа одбери да го поминеш со некој кој ќе го направи сето ова малку подносливо. 

2. Неговите раце мора да бидат испукани 

Ова значи дека тој направил некоја физичка работа, или дека може да се бори секогаш кога тоа е потребно. Тоа се работи што ќе се случат често и лицето до вас мора да биде способно да работи и да се бори. 

3. Пред да кажеш „Да", изнервирај го - стресот ги менува луѓето 

Ако тој пие, напиј го, затоа што така ќе дознаеш повеќе за неговите скриени мисли. Ќе видиш како работи и мисли кога е исплашен или болен. Овие ситуации ја покажуваат вистинската страна на една личност. 

4. Довери им се на своите инстинкти 

Ако се почувствувате во опасност макар и за момент, само стани и замини. Ти нема зошто да бидеш со таква личност. 

5. Ако ги става парите на прво место, пред тебе, само ќе бидеш негова сопственост 

Парите и љубовта се стари непријатели. Многу бракови завршуваат со развод поради финансиски проблеми. Биди внимателна да не им давате приоритет на парите, бидејќи секогаш ќе бидеш во позадина. 

6. Како едно лице се однесува со животните е добар показател за тоа како ќе ги третира децата 

Ако го видиш како го брка кучето, остави го. Животните се како децата. Вашите деца ќе прават нереди, но нивниот татко мора да биде трпелив и љубезен. 

7. Ако не те обожава, не те заслужува 

Ти си мое мало девојче и ти си совршена. Ако тој не може да го види тоа, загубата е само негова.