Сега е мажена за колега: Поранешната сопруга на Борис Новковиќ е убавата позната актерка, а нејзината мајка е дива која генерации ја обожаваа

Добивај вести на Viber

Поранешната љубов на Борис Новковиќ е оваа позната актерка

Љубовниот живот на популарниот пејач Борис Новковиќ отсекогаш ја интригирал јавноста.

Познато е дека се женел четири пати, но тој е еден од оние луѓе кои не сакаат да разговараат со медиумите за работи кои не се поврзани со музиката.

Тој се обидел да го заштити својот приватен живот од очите на јавноста, во што често и успевал.

Последните денови во центарот на вниманието е неговата врска со четвртата, според некои медиуми, поранешна сопруга - Ајрис Волф.

И првиот брак на Борис беше со друга позната дама. Во прашање е прекрасната актерка Бојана Грегориќ Вејзовиќ.

View this post on Instagram

A post shared by (@bojana.g.v)


Борис стапил во својот прв брак млад, како 25-годишен дечко. Тој и Бојана се венчаа во 1992 година и беа во брак половина деценија.

Бојана важи за една од најубавите хрватски актерки, а кога го запознала музичарот работела како балерина во Загреб во Хрватскиот народен театар.

Кога се венчале, Бојана имала само 20 години, а по пропаѓањето на љубовта и двајцата влегле во нови бракови.

View this post on Instagram

A post shared by (@bojana.g.v)


По Бојана, Борис се ожени уште три пати, додека убавата актерка се омажи за познатиот колега Енес Вејзовиќ со кој има две деца.

Љубовта кон уметноста и глумата Бојана ја наследила од нејзината мајка Божидарка Фраит. Таа е многу позната актерка, а меѓу другото се појави и во култниот филм „Татко на службен пат“.

View this post on Instagram

A post shared by (@bojana.g.v)


Таа сега има 83 години и не е активна во изминатата деценија. Нејзината последна улога беше во 2013 година.

Извор: glossy.rs