Сега гужви и пред матично: „Сите бракови на кои на венчаниците не им пишува „Северна Македонија“ нема да важат од полноќ“ - Актерот Дац ги запали социјалните мрежи

Актуелната состојба во нашата земја за вадењето на личните документи, доцнењето и чекањето со часови да се дојде до термин, но и најновата информација дека возачките дозволи без префиксот „Северна“ нема да важат од полноќ, предизвика лавина рекации на социјалните мрежи.

Актерот Драган Спасов Дац сподели интересен статус, кој доби над еден милион лајкувања, но и стoтици коментари, како и споделувања.

Неговиот статус гласи: „Сите бракови на кои на венчаниците не им пишува „Северна Македонија“ нема да важат од полноќ на 12-2-2024!“.

На ова се редеа коменатри: „Еве сопругот ми вика, кој ќе флертува со тее пак“, „Сега гужва и пред матично“, „Се правиж важен дека на вашата пишува“, се дел од коментарите.

Фото: Фејсбук