Секој дом мора да ги има овие 3 икони: Чуваат од болести и зло

Животот понекогаш е многу неправеден, што никој освен самиот Господ Бог не може да нѝ помогне. Кога една личност изненадно ќе ја снајде несреќа или болест, тогаш треба посебно да му се моли на Господ и да дознае колку здравјето е важно, но и колкава е моќта на молитвата.

Постојат многу значајни икони и светци кои им помагаат на болните луѓе да заздрават побрзо. Затоа ви предлагаме кои икони мора секогаш да ги имате во домот, за да ви помогнат да ојачате и физички и психички.

Икона на Мајката Божја

Луѓето кажуваат дека оваа икона лечи од многу болести, а се верува дека прв ја икононапишал самиот свети Лука и дека поради тоа има голема моќ за исцелување на луѓето. Иконата ги прикажува Мајката Божја и Исус Христос, каде јасно се гледа како таа го сака и се грижи за него, како што ги сака и се грижи за сите оние луѓе кои ќе ѝ се обратат за помош.

Икона на Светиот Василиј Острошки

Човекот од народот, секогаш се грижи за народот. Тоа е Свети Василиј Острошки. Светецот кои оди меѓу луѓето. Иконата на Свети Василиј Острошки треба да се најде во секој дом, бидејќи се смета дека овој светец го чува семејството и куќата од пожар, зло и болести.

Иконата на Пресвета Богородица Трорачица

Зошто оваа икона се вели дека е „трорачица“? Ако се погледне добро, ќе се види дека на неа се прикажани три раце, па се смета дека оваа икона ги ублажува болките во рацете. Меѓутоа се верува и дека помага при лекување на различни болести