Секоја мајка би сакала да прочита нешто вакво: Водителката Милена се разнежни од пораката на ќерката Лана

Добивај вести на Viber

Водителката Милена Антовска дефинитивно е мајка за пример.

Таа е успешна во работата, но е успешна и во најубавата животна улога - мајчинството.

Доказ за тоа е она што ѝ го посветуваат ќерките.

Викендов таа доби порака од нејзината поголема ќерка Лана која има 6 години.

Лана не штедеше зборови за да ѝ покаже на сопствената мајка колку ѝ значи.

„Многу се грижиш за мене и кога сум болна, и кога не сум болна. Мама ти ме сакаш мене многу затоа ти подарувам голем бакнеж. Мама ти си најдобрата мајка. Љубов од Лана.“ - стои во пораките кои малата Лана ѝ ги напишала на мама Милена.



ФОТО: Инстаграм принтскрин