Секоја тетка има свое „злато“: Тамара Тодевска го има Вук

Добивај вести на Viber

Врската помеѓу една тетка и своите внуци е нешто посебно, таа е како втора мајка, па дури и многу подобра од вистинската.

Тетката е нешто како добра вила од убавите детски бајки. Знае сѐ, разбира сѐ, умее да те утеши, да те разгали, па обично дури и првите подароци кои ги добиваме се токму од неа. Таа обожава да се слика со нас, на сликите ве држи цврсто, се смеете и се глупирате и затоа сликите со неа се најубави.

Една таква врска имаат и Тамара Тодевска и нејзиниот внук од сестра. Вук е веќе голем тинејџер со полни 15 години. Тамара на инстаграм приказна објави заедничка фотографија со Вук. Спомен од минатото и еден од моментите кои и се драги на пејачката. Далечината не и може ништо на една силна врска како што е врската помеѓу тетка и внук.


За внуците, тетките остануваат засекогаш млади, мама може да остари, но тета никако!

Фото: Инстаграм