„Секоја вечер ќе седам во твојот клуб ако ѝ овозможиш да пее“: Таа не ни знаеше дека е понапред од времето
Ела Фицџералд (25 април 1917 – 15 јуни 1996) ,исто така позната како „Првата дама на песна“, „Кралица на џезот и „Лејди Ела“ е американска џез пејачка со гласовен распон што опфаќал три октави. Била позната по чистината на тонот на нејзиниот глас, беспрекорната дикција, фразирање, интонација и импровизирачката способност што наликувала на труба, посебно кога пеела скет. Фицџералд исто така била познат толкувач на The Great American Songbook. Во текот на нејзинта 59-годишна кариера има продадено над 40 милиони копии од нејзините повеќе од 70 албуми, освоила 13 греми награди и и била наградена со Националниот медал за уметност од страна на Роналд Реган и претседателскиот медал на слобода од Џорџ Х. В. Буш.
А, само една личност на светот ја направи да се чувствува човек меѓу луѓето...
На Ела Фицџералд не и беше дозволено да настапува во најпопуларниот ноќен клуб во Холивуд, Мокамбо, поради нејзината раса и големината на телото. Мерлин Монро, која беше нејзин голем фан, му се јави на сопственикот и му објасни дека ако ја резервира Ела да пее во клубот, таа (Мерилин) ќе биде таму секоја вечер, што гарантираше огромна покриеност на медиумите. „Секоја вечер ќе седам во твојот клуб ако ѝ овозможиш да пее“- му кажала децидно. Тој ја резервира Ела да пее и Мерилин беше таму, предната маса, секоја вечер како што вети.
Ела рече: „Потоа, никогаш повеќе не морав да свирам и пеам во мал џез клуб. Таа беше необична жена, малку понапред од своето време, а таа не ни го знаеше тоа“.
Вистинските жени ги поддржуваат другите жени.