Секси Елена ја здрма Струмица

Добивај вести на Viber

Пејачката Елена Ристеска во секси црна комбинација, изминатиот викенд ги забавуваше струмичани. Пејачката се пофали дека имала одличен настап во познато кафуле во Струмица.

Елена за овој настап одбрала црна комбинација. Кроп со долги ракави и куси црни панталони со светки.

„Од вчерашниот настап во Струмица. Благодарам за убавата атмосфера и за убавата енергија. Благодарност до мојот бенд и мојот тим“, напиша Ристеска.

View this post on Instagram

A post shared by ELENA RISTESKA ERA (@elenaristeska_era)


Во последно време Елена се почесто може да се забележи во стајлинг со црна боја, фармерки, кожена јакна и фустан.

Пејачката изминатиот период се посвети на настапите во живо во дискотеките и кафулињата во нашата земја.

Неодамна Елена се најде среде скандал, кога била нападната од жена во скопско кафуле.

Фото: Инстаграм