Селин Дион во војна со Трамп: Поради неовластено користење на нејзиниот познат хит, бесна како рис

Добивај вести на Viber

Тимот на Селин Дион го критикуваше поранешниот американски претседател Доналд Трамп за „неовластено“ користење на видео од еден од нејзините хитови на настан на претседателската кампања.

Песната „My Heart Will Go On“ - што беше прикажана во филмот Титаник во 1997 година - беше свирена пред поддржувачите пред Трамп да излезе на сцената на митингот во Бозман, Монтана, во петокот.

Во соопштението објавено на мрежата Икс, тимот на Дион рече дека таа не ја „одобрува“ употребата на песната, додавајќи: „И навистина, таа песна?

Уметниците и бендовите како Нил Јанг, Квин и Ролинг Стоунс претходно се жалеа дека Трамп ги користел нивните песни на предизборните митинзи.

Во соопштението се вели: „Денес, менаџерскиот тим на Селин Дион и нејзината издавачка куќа, Sony Music Entertainment Canada Inc, станаа свесни за неовластена употреба на видео снимка на митингот на кампањата на Доналд Трамп и Џеј Ди Венс во Монтана“.

- Оваа употреба не е дозволена на кој било начин, а Селин Дион не ја поддржува оваа или каква било слична употреба - се наведува.


Фото: Youtube - screenshoot