Семејно уживање на скијање: Ѓоко Танески со сопругата и ќерките на атрактивна зимска дестинација

Добивај вести на Viber

Јануари е месецот за уживање и одмор на некоја зимска дестинација. Пејачот Ѓоко Танески со семејството замина на зимување.

Тој објави фотографија со неговите две ќерки Анастасија и Михаела, и сопругата Розе, додека прават пауза од скијање и уживаат во топол чај.

Иако повеќето познати ѕвезди ги одбраа Златибор и Копаоник како дестинации за скијање, Танески одбра место кое се наоѓа во срцето на Балканот.

Терените на Јахорина во Босна и Херцеговина е изборот на пејачот за семеен одмор.

Инаку станува збор за планинско одморалиште, најголемо и најпопуларно за зимскиот туризам во оваа земја. Скијачкиот центар се наоѓа на падините на планината Јахорина и Динаридите.

Интересен податок за овој скијачки центар е што во 1984 година се одржале натпреварите во алпско скијање за време на Зимските олимписки игри.

Фото: Инстаграм