Актуелно // Insta вести
Сензуална и магнет за погледи: Антониа Гиговска „Лејди ин ред“ за Валентајн
Црвената боја е бојата на љубовта, но и боја на сексапилот. Не случајно се одбира да се носи за Денот на виното или Денот на вљубените.
Пејачката Антониа Гиговска во едно такво провокативно љубовно издание позира пред фотообјектив за нова фотосесија. Пејачката е облечена во црвен кус фустан со длабоко деколте, високи црвени потпетици, црвен кармин и интересни срциња поставени во нејзината коса.
Антониа на нејзините Инстаграм приказни сподели неколку фотографии од подготовка и најави дека за денес ќе ја објави целосната фотосесија.
Инаку во изминатите денови таа во комуникација со нејзините следбеници, ги прашување за датумот кога да го објави нејзиниот прв албум. Но засега сè уште нема објавено конкретна дата.
Фото: Инстаграм