Сестра ми се удави кога имаше 13 години: Трагедија во семејството на српска пејачка
Српската пејачка Мина Костиќ проговори за семејната трагедија. Пејачката која неколку пати во интервјуа изјавила дека била посвоена кога имала само пет години, пред извесно време открила детали за трагедијата што ја доживеала како тинејџерка.
Мина пораснала во сиромаштија, мајка и родила десет деца, а кога имала само пет години родителите ја дале на посвојување. Пејачката ја одгледала Дуда Ивановиќ, тетката на популарниот рапер Иван Ивановиќ Џус. Покрај тоа што имала тежок живот, Мина доживеала и трагедија кога нејзината сопствена сестра се удавила.
„Една од моите сестри се удави кога имаше тринаесет години... Го прифатив тоа многу тешко. Тоа се случи во 1992 година. Секогаш кога ќе размислам, ми е тешко, но си велам дека така мораше да биде, онака како што се сака Бог.Тоа беше судбина“, изјавила Мина во едно интервју.
„Мајка ми роди десет деца, а четири абортираше“, додаде пејачката.
Нејзиното родено име било Минира Јашари, а на деветнаесет години го променила во сегашното име. Во текот на животот, Мина останала блиска и со својата биолошка мајка, која почина пред неколку години, и со нејзината мајка Дуда која ја посвоила.
Фото: ИнстаграмИзвор: mondo.rs