Сестрата на Северина се одрече од неа бидејќи се омажи за Србин, а другата ѝ нанесе повреди: Тажната семејна приказна на познатата пејачка

Добивај вести на Viber

Северина Вучковиќ повеќе од две децении го привлекува медиумското внимание и со својата музика и со приватниот живот.

Северина со приватниот живот постојано е во центарот на вниманието, а семејството се трудеше да го држи подалеку од очите на јавноста, но всушност не ѝ успеа.

Освен со синот Александар, пејачката е врзана за мајка си Ана, но не и за сестрите Зденка и Маријана.

Како што пишуваа хрватските медиуми, Севе долго време не разговарала со својата постара сестра Зденка, а таа живее во близина на Задар.


Имено, Зденка се откажа од својата позната сестра откако се омажи за Србинот, спортскиот менаџер Игор Којиќ, од кој се разведе минатата година по шест години брак.

- Ние не го поддржуваме сето ова, Србите водеа вооружена војна против нас, не угнетуваа 50 години, а сега водат психолошка. Мојата сестра беше израсната во хрватско и морално, римокатоличко семејство, од татко Хрват и мајка Хрватка, но нејзиниот живот беше преземен од менаџерската машинерија. Таа има планетарна слава, но сигурно има тажен живот. Се молам за нејзино здравје и среќа - изјави претходно Зденка за хрватските медиуми.


Од друга страна, Северина не е во добри односи ниту со сестра си Маријана. Како што претходно објавија медиумите, Северина и Маријана веќе подолго време се расправале, а потоа во животот на пејачката се вклучил и Центарот за социјална работа поради конфликт со нејзината сестра.

Извор: espreso.rs