Актуелно // Insta вести
Сестринската љубов е најсилна: Јана наполни 39, а Ана со фотографија ѝ честита роденден
- 20 Февруари, 2024
Актерката Ана Стојановска објави заедничка фотографија со нејзината сестра Јана од скијање пред неколку години и ѝ честиташе родеднен.
„Среќен роденден, сис“, напиша Ана.
Фотографијата очигледно е од поодамна бидејќи и двете изгледаат доста помладо, како тинејџерки.
Инаку Јана наполни 39 години.
Ана и Јана се ќерки на актерскиот пар Ненад и Силвија Стојановски. И двете трегаа по стапките на нивните родители. Јана имаше обиди и во светот на манекенството, па дури и беше избрана за Мис на Македонија, додека пак на Ана глумата и беше прв избор.
Фото: Инстаграм