Шакира во друштво еден спортист ги подгреа гласините дека го „смувала“ бившиот дечко на колешката: Видена е и со ѕвездата на Формула 1

Добивај вести на Viber

Пејачката Шакира во последните месеци беше во центарот на вниманието на јавноста поради раскинувањето со фудбалерот Жерар Пике, кој ја изневеруваше. Огнената Колумбијка објави неколку песни во кои директно го напаѓа бившиот партнер и ги потсетува сите нејзини фанови колку ја повредил со својата прељуба. Таа сега повторно го привлече вниманието поради приватниот живот, но овој пат причината не е нејзиниот поранешен партнер, туку наводно, новото момче.

Шакира, всушност, беше видена како го бодри и навива Луис Хамилтон додека тој се натпреваруваше на Шпанското ГП во Формула 1, а со тоа само дополнително ги подгреа гласините за нивната романса. Изгледаше како добро да се забавува, додека некои коментираа дека нејзината насмевка кажувала дека е многу заљубена, пренесува британски „Дејли мејл“.

А на социјалните мрежи меже да се најдат голем број на видеа кои сведочат за среќата на Шакира, која не може да ја сокрие.

Инаку, веста за романсата меѓу пејачката и спортистот кружи веќе некое време, а се започна кога популарниот Колумбиец , поранешното момче на познатата пејачката Никол Шерцингер, се фотографираа во ресторан, а потоа неколку часа подоцна се качија на јахтата со пријателите и синовите на Шакира, Милан и Саша, кои таа ги има од врската Пике.

Инаку, Шакира пред неколку дена со наследниците се врати во Шпанија и таму ќе помине извесно време.