Шармантната Билјана Дебарлиева наполни 50 години: Го прослави јубилејниот роденден (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Билјана Дебарлиева, познатата водителка и презентер на вести, го прослави јубилејниот 50-ти роденден.

Водителката која важи за една од оние со најмил глас, по повод овој посебен ден, објави фотка на која ги дува свеќите на тортата, облечена во нежно розева комбинација.

За младешкиот изглед и за коментарите дека изгледа доста помлада од возраста, таа, пред две години во роденденско интервју за Женски магазин, раскажа дека во поглед на негата нема нешто што посебно би го издвоила, освен оние вообичаени утрински и вечерни ритуали на нега на кожата со препарати што одговараат на нејзиниот тип кожа и на годините.

„Одам на редовни козметички третмани, користам креми со заштитен фактор, зашто знаеме дека сонцето ја старее кожата, многу вода, овошје, зеленчук, позитивна мисла и насмевка. Би ја додала овде и генетиката и сето тоа заедно придонесува за свежина во изгледот“, раскажа тогаш шарматната презентерка за Женски магазин.

Инкау Билјана е горда мајка на две деца.

Поврзани вести:

Минатиот месец прослави 26 години брак: Погледнете каква невеста била Билјана Дебарлиева