Шеикот по кој лудуваат жените изгледа како Аполон, а е побогат од Безос и Гејтс заедно: Се капе во луксуз и злато

Добивај вести на Viber

Шеикот Калифа бин Хамад бин Калифа Ал Тани, најмладиот син на поранешниот емир на Катар е еден од најбогатите луѓе во светот, а жените се фасцинирани од неговиот изглед. Тој е вистинска сензација на социјалните мрежи каде изгледа како вистински плејбој.

Девојките ширум светот ја фалат впечатливоста на шеикот, а тој се повлече од Интернет пред две години. Животниот стил кој изобилува со луксуз, злато и скапи автомобили го привлекува вниманието на луѓето ширум светот. Рангиран на деветтото место меѓу најбогатите членови на кралското семејство во светот, вкупниот имот на семејството Ал Тани се проценува на околу 335 милијарди долари, според извештаите.

Од друга страна, богатството на Безос се проценува на 182,3 милијарди, а на Гејтс на 128,7 милијарди.

View this post on Instagram

A post shared by Khalifa Bin Hamad (@khk)



Кој е тој?

Пораснал во Доха, а добар дел од животот го поминал во Лос Анџелес каде студирал на Универзитетот во Јужна Калифорнија. Се стекнал со диплома и магистер по јавна политика и дипломатија.


Принцот пристигна во Лос Анџелес со приватен авион, опкружен со слуги и се смести во луксузниот хотел Беверли Вилшир. Таму водел раскошен начин на живот, редовно посетувал луксузни ресторани, казина во Лас Вегас и резервирал луксузни ложи за игрите на ЛА Лејкерс.

Неговиот екстравагантен начин на живот го привлече вниманието на таблоидите, со приказни за него како се расфрла со скапи подароци на службениците и вработените на универзитетот.

View this post on Instagram

A post shared by Khalifa Bin Hamad (@khk)



Автомобили

Тој е горд сопственик на импресивна колекција на суперавтомобили, вклучувајќи McLaren од 890.000 долари и LaFerrari од 1,5 милиони долари.

Неговата колекција вклучува и Bugatti Divo, Lamborghini Sian FKP 37 и Ferrari Monza SP2. Тој често е виден како ги вози своите автомобили низ улиците на Монако, Лондон и Лос Анџелес.

View this post on Instagram

A post shared by Khalifa Bin Hamad (@khk)



По завршувањето на студиите се вратил во Катар каде станал офицер во внатрешните безбедносни сили. Во 2020 година, тој беше назначен за член на Националниот совет за безбедност и беше командант за безбедносни операции за Светското првенство во фудбал во 2022 година. Тој е и претседател на фудбалскиот клуб Ал-Духаил СЦ.

View this post on Instagram

A post shared by Khalifa Bin Hamad (@khk)



Семеен човек

Шеикот Калифа е тесно поврзан со неговото семејство, особено со неговата мајка Шеиката Моза, која е прва дама на Катар и претседател на Фондацијата Катар. На неговиот Инстаграм профил често може да се видат слики со членови на семејството, на кои се гледаат во опуштено, семејно опкружување, се шпекулира и дека има слабост кон убавите жени, па и дал предлог за брак на познатата манекенка Бела Хадид кој таа го одбила.



ФОТО: Инстаграм