Докажани актери, спортисти, пејачи и режисери се вклучија во медиумската кампања за поддршка на референдумот закажан на 30 септември. Меѓу нив и македонската глумица, најпозната по улогите во Македонските народни приказни, Шенка Колозова.
- Можам да бидам против оваа влада. Можам да бидам против онаа влада. Можам да бидам против секоја влада. Но, против својата земја, не можам. Не сакам и нема да бидам. Затоа ќе гласам „ЗА“. Зошто? За подобра иднина на сите нас - вели Колозова во рекламниот спот.